ЕТИЧКИ НАЧЕЛА НА МАГТ

Македонската Асоцијација за Гешталт терапија (МАГТ) како полноправен член на ЕАГТ се обврза да има свои соптствени етички начела кои се компатибилни со оние на ЕАГТ.

Место и улога на психотерапијата како професија

Принцип на доверливост

Дефинирање на правата во психотерапискиот однос

Прекршување на етичките начела

Задолженија на МАГТ

 

МЕСТОТО И УЛОГАТА НА ПСИХОТЕРАПИЈАТА КАКО ПРОФЕСИЈА

Психотерапијата како професија се смета за посебна професија. Таа како таква се занимава со дијагностицираање и разбирање на психосоцијалните и/или психосоматските нарушувања во однесуваањето на човекот преку користење на научно признатите психотераписки методи. Психотерапискиот однос се базира на интеракцијата помеѓу еден или повеќе пациенти/клиенти и еден или повеќе психотерапевти со цел да се олеснат промените или натамошниот развој.

ПРИНЦИП НА ДОВЕРЛИВОСТ

Психотерапевтите како и членовите на групата се потпираат врз принципите на доверливо разгледување на сите информации со кои се запознаени во текот на нивното психотераписко работење. Истото се однесува и на супервизијата.

ДЕФИНИРАЊЕ НА ПРАВАТА ВО ПСИХОТЕРАПИСКИОТ ОДНОС

На почетокот на психотерапискиот третман, од психотерапевтите се бара да им ги освестат правата на клиентите со посебен акцент на следното:

ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ НА КЛИЕНТОТ

Клиентот има право да знае за:

-психотерапискиот метод кој ќе се применува и условите под кои ќе се одвива психотерапискиот третман (вклучувајќи ја и можноста за исклучување).

-Опсегот и траење на психтоерапискиот третман.

-Доверливост

-Финансиските услови на третманот (соодветна уплата, право на осигуруваање, плаќање на пропуштените сеанси и сл.)

-На пациентот/клиент му се дава можност да одлучи самиот дали, кога и со кого ќе сака да започне со психотерапијата.

-Вклучување на психотераписки договор за работа на себе со психотерапевтот и придржување на условите од договорот

-Право на поднесување на жалба до психотерапискиот одбор во случај на финансиско, емоционално, сексуално искористување од страна на психотерапевтот.

ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ НА ТЕРАПЕВТОТ

Професионална одговорност

Психотераписката пракса представува активност која подразбира прифаќање на професионалната одговорност кон клиентите, колегите и општеството во целина.

Професионална одговорност кон клиентите

Да постапува одговорно посебно давајќи му природност на психотерапискиот однос кој се гради врз доверба и одредено количество на зависност; повредата и губењето на довербата се дефинира како негрижа на психотерапевтот за неговите професионални одговорности во односот со пациентот/јклиентот. Одговорноста за ова лежи главно во самите психотерапевти. Недостигот од одговорност која што се однесува на довербата и зависниот однос во психотерапијата се смета за сериозна грешка во третманот.

Да обезбеди сигурни и безбедни услови на клиентот. Психотерапевтите потребно е да обезбедат работни услови погодни за психотерапија и да превземат соодветни мерки на претпазливост и да ги обезбедат своите клиенти во физичкото опкружување во кое се одвива психотерапијата.

Доверливост. Севкупната размена меѓу гешталт терапевтот и клиентите се смета за доверлива. Кога постои сомневање за доверливоста на делењето кај терапевтот или кај клиентот/едукант, потребно е да се побара супервизија,

Да дава фактичка/објективна и вистинита информација. Информацијата дадена на пациентите/клиентите мора да биде фактичка/објективна и вистинита. Секакво пренагласено и лажно ветување е недопустливо. Примери за ваквата форма на измама и недопустливото рекламирање можат да бидат:

-неиздржаните ветувања за заздравување

-наведување на различни типови на психотераписки методи кои што даваат впечаток на посеопфатна и поширока психотераписка обука отколку што е таа навистина.

Да ја вреднува и почитува автономијата на клиентот/едукантот. Се почитува достоинството и еднаквоста на целото човештво, без оглед на физиолошкиот, психолошкиот, социолошкиот или економскиот статус. Почитувањето на достоинството на клиентот како индивидуално човечко суштество и охрабрувањеето и олеснувањето на неговиот личен развој и автономија води кон зголемување на можностите за избор кои му се достапни на клиентот заедно со волјата и спремноста да ја прифати одговорноста за одлуката која ја донесува,

Да не го експлоатира клиентот. Односот меѓу терапевтот и клиентот/едукантот е од фундаментално значење за успешна терапија. Свесноста за моќта и влијанието во рамките на таквиот однос го обврзува гешталт терапевтот да се однесува на начин кој не допушта експлоатација на клиентот финсиски, сексуално или емоционално во корист на сопствените предности или лични интереси,

Да е свесен за влијанието на двојните односи.Гешталт терапевтот е неопходно да биде свесен дека двојните односи, какви што се односите со вработените колеги, блиските пријатели, роднините или партнерските односи многу веројатно е дека ќе влијаат врз нивната професионална проценка.

Да склопи тераписки договор. Професионалниот однос помеѓу психотерапевтот и клиентот се дефинира преку договор со клиентот за кој што и терапевтот и клиентот потребно е да имаат намера и спремност да го исполнат.

Неопходно е да се вклучуваат со клиентите договори било писмени или усмени, во кои ќе бидат дефинирани довербата, договарање на термини, број на сеански, чланарината, начинот и термините на плаќањето, празници, одење на одмор, откажување на сеансите од страна на клиентот или терапевтот, траење на терапијата, завршување на терапијата и сл за што претходно се дискутира и се договара со клиентот.

Доколку клиентот неможе или несака да функционира независно и одговорно во рамките на договорениот однос терапевтот може да го прекине овој однос на начин кој што нема да му наштети на клиентот.

Терапискиот однос терапевт/клиент/едукант престанува по истеку-вањето на договорот. Но сепак одредени професионални одговорности не престануваат. Ова се однесува на одржувањето на доверието, неексплоа-тирање на претходниот однос, и неземање на провизија за било каква наредна потребна грижа или препорака.

Одговорност на терапевтот кон сопствената професија:

Сопствениот професионален и личен развој.Гешталт терапевтот има одговорност да го продолжи својот личен и професионален развој преку супервизија, натамошни тренинзи и работа на себе.

Терапевтот е должен да го збогатува сопственото искуство неопходно за работа со клиентите преку супервизиска работа.

Гешталт терапевтот потребно е да ја земе во предвид потребата за супервизија во случај на лична криза, физичка болест или евентуална смртност, како и начинот на одржување на професионалниот однос.

Рекламирање. Рекламата потребно е да се сведе на опис на расположливите услуги и квалификации на особата каја ги пружа. Рекламата не е пожелно да содржи ветувања, да врши споредуваања, или да наговестува дека спомнатите услуги се поефикасни од оние на другите тераписки правци или организации.

Вреднување и одржуваање на вештината на терапевтот. Терапевтите се обврзани да го прошируваат својот домет на знаења и умеења но и да бидат свесни за сопствените граници. Пожелно е да разменуваат информаиции и совети од своите колеги и да го упатат својот клиент на друг психотерапевт доколку тоа може да биде од корист за клиентот. Терапевтот е пожелно да продолжи со регуларната тековна супервизија и да го продолжи сопствениот личен развој и континуираното образование.

Психотераписко истражување е во интерес на научно-теоретскиот развој на психотерапијата и потребно е психотерапевтите да учествуваат во соодветни истражувачки проекти. Психотерапиското истражуваање како и публикациите се тема на горните етички начела, а пред се остануваат интересите на пациентот/клиентот.

Професионален однос кон колегите и вреднување на психотерапијата како професија

Терапевтите се очекува да во нивните јавни ставови пишани или усмени, се воздржуваат од штетни изјави, заклучоци и/или лажни наговестувања кои ја потценуваат положбата, квалификациите или карактерот на колегите.

Терапевтите ја имаат и таа одговорност да се соочат со колегите кои се однесуваат спротивно на етичкиот код и да ги упатат на соодветниот одбор за супервизија.

-Психотерапевтите, каде што е тоа неопходно, се бара да работат интердисциплинарно со претставници од другите науки за доброто на пациентот/клиентот.

-Горенаведените етички начела се однесуваат и на односот помеѓу тренерот и членовите на тренинг групите.

Социјална одговорност

Во однос на нивната социјална одговорност, психотерапевтите се поттикнуваат кон давање придонес во одржувањето и создавањето на животните услови кои што ќе го поттикнат, одржат и реставрираат психолошкото здравје и воопшто ќе го унапредат созревањето и развојот на луѓето.

ПРЕКРШУВАЊЕ НА ЕТИЧКИТЕ НАЧЕЛА

Секоја организација членка на ЕАП задолжително е да има соодветна процедура за поплаки и жалби. Процедурата за поплаки и жалби во МАГТ се спроведува преку упатување на жалбите до етичкиот одбор на МАГТ по чие разгледување се донесува соодветна одлука која евентуално може да вклучува и супервизиска работа.

ЗАДОЛЖЕНИЈА НА МАГТ

Една од обврските на МАГТ е да бара од своите практичари да се придржуваат кон претходно наведениот етичкиот кодекс кој што е компатибилен со ЕАГТ.