ТЕКОВЕН ТРЕНИНГ ЗА ГЕШТАЛТ ТЕРАПИЈА

Цели, методи и критериуми на тренингот за ГТ

Целта на тренингот за ГТ е да кандидатите заинтересирани за ова поле на работа, стекнат теоретски знаење за ГТ и знаења и свесност за сопствените потенцијали стекнати низ лични работи на себе во група во текот на едукативниот процес и примена на целокупното знаење во практиката под супервизија.

Во тренингот се користи гешталт терапискиот метод на работа во рамките на кој целокупниот тренинг на кандидатите се сфаќа како "процес" на раст и развој на личноста кој се случува "сега и овде" и зад чиј процес стои секој поединец кој прави сопствен избор како "одговор" на неговата потреба за сопствен личен и професионален развој.

Пред започнуваањето со тренингот за ГТ предвидени се неколку општи услови кои кандидатите е неопходно да ги исполнуваат. Предвидените услови за вклучување во тренинг групите се во склад со утврдените критериуми на Европската Асоцијација за Гешталт Терапија (ЕАГТ) и во склад со специфичните критериуми на МАГТ.

Условите за стекнување на правото да кандидатот се вклучи во тренинг ГТ групи се:

- да има завршено или да се на завршните студии на факултетот по Психологија или на Медицинскиот факултет односно на специјалистички студии по Психијатрија при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје

- да е психофизички здрав

- да е холистички и хуманистички ориентиран

- да има одредени поознавања и увид во други психолошки правци, теории и психотераписки пристапи.

- спремност за прифакање и придржување на критериумите на програмата за ГТ.

Траење и содржина на ГТ тренинг

Времетраењето на ГТ тренинг според МАГТ е минимум 1100 часови (еден час е во траење од 60 мин), или тоа се 1470 според ЕАГТ стандарди (според ЕАГТ потребен се минимум 1450 (45 мин/ч)).

Tренингот и супервизијата ги спроведува Билјана Копрова од МАГТ во соработка со Харм Сименс супервизор од холандскиот гештатл институт.

ГТ Тренинг ги содржи критериумите на МАГТ и ЕАП за професионален тренинг и ги вклучува следните елементи:

а) Работа на себе

б) Теоретска разработка на ГТ

в) Супервизиски тренинг во група

г) Практична примена на ГТ под супервизија

ГТ тренинг опфаќа и одредени финансиски трошоци. Висината на трошоците се одредува во договор со терапевтот/супервизор и ја опфаќа само обуката. Трошоци за ГТ тренинг се наплатуваат тековно, во првата половина на месецот.

Во рамките на ГТ тренинг се организираат и т.н. гешталт работилници. Висината на трошоците и термините на уплатата за секоја организирана работилница се одредува по договор со тренерот/супервизор домашен или од надвор.

Чланарината за МАГТ се наплатува одделно, еднаш во годината, а нејзината висина се одредува во договор со членовите на МАГТ за секоја година.