ИСТОРИСКИ ПРЕГЛЕД НА МАГТ (МАКЕДОНСКА АСОЦИЈАЦИЈА ЗА ГЕШТАЛТ ТЕРАПИЈА)
МАГТ е основана во 1993 година, кога започнаа да работат првите групи за Гешталт тренинг. Групита ги води Билјана Копрова специјалист по медицинска психологија, Гешталт терапевт.
Во 1998 година Билјана Копрова е примена како индивидуален член на Европската асоцијација за Гешталт Терапија. Во Октомври 1999 година, во Амстердам е направен договорот со Харм Сименс од холандскиот институт за гешталт терапија со кој тој официјално станува индивидуален супервизор на Билјана Копрова (тренер-едукатор за гешталт терапија на МАГТ) а воедно и супервизор на членовите на МАГТ.
МАГТ истата година (2000) е примена и како полноправна асоцијација во рамките на Европската Гешталт асоцијација (ЕАГТ), со сопствен статут и програма дефинирани во склад со европските морално етички и едукативни стандарди за ГТ.
Активностите на групите се состојат и во организирање интернационални работилници меѓу кои и оние кои беа под супервизија на Младен Костиќ (Белград, СР.Југославија), Гизела Штајнеке (Гешталт институт Франкфурт, Германија), а во април 2000 година супервизиска работилница со Харм Сименс од холандксиот Гешталт институт кој од тој момент е и официјален супервизор на МАГТ. Освен тоа членовите имаат можност да учествуваат на многу интернационални гешталт собири надвор од Македонија, како оние во Палермо, Италија 1999, и Њујорк, САД 1999 година.
МАГТ има своја библиотека со книги и списанија кои го потпомагаат професионалниот развој на членовите на Гешталт здружението. За сите нив и за сите кои се интересираат за гештат терапијата им се обезбедува превод на базичната гешталт литература како што е книгата "Его, Глад и Агресија" од Ф. Перлс, (превела Лилјана Тасевска член на МАГТ). за прв пат преведена во Македонија и на просторите од поранешна Југославија, потоа книгата "Гешталтистички пристап - втор дел" од Ф. Перлс, (превела Сузана Тодоровкса член на МАГТ), а таквата преведувачка традиција на дела од областа на ГТ продолжува и понатаму.