Гешталт терапијата е една од широко прифатените нови психотераписки правци. Овој вид на психотерапија ја применил и постојано ја развивал во текот на својот долг и плоден живот - Фриц Перлс.
Зборот "гешталт" има германско потекло и значи целина, примарно дадена, која не се сведува само на збир на елементи, туку е и нов квалитет.
Според Перлс, некомплетираниот емоционален гешталт создава одредени психолошки проблеми кај луѓето, тој ја троши енергијата и таа останува заробена во згрчените мускули на телото, мимиката и гласот, симболичките содржини. Во психолошка смисла тоа значи дека некои луѓе како да немаат очи, уста, раце и уши.
Основната цел на гешталт терапијата е да и помогне на личноста да постигне интегрираност и целовитост. Интегрираноста подразбира личност која е целина и која е составена од чувства, перцепции, мислење и физичко тело.
Човекот е здрав додека е во контакт со самиот себе, со својата околина и односите меѓу себе и околината.
Оздравувањето се постигнува со обновување на свесноста, за себе и своите потреби, која некогаш во минатото сме ја изгубиле.
Современиот човек малку знае за вистинското творечко живеење. Тој живее како автомат и полн е со стравувања. Светот му нуди многу можности за збогатување и уживање, а тој бесцелно лута наоколу незнаејќи ниту самиот што сака, што може, како да времето за забава, задоволство, растење и учење му се чини дека поминало со детството и младоста и кога ќе постигне "зрелост" се откажува и од самиот живот. Неговото лице е полно со досада, безизразно е или луто, како наполно да ја изгубил спонтанотста и творечкото изразуваање. Современиот човек својот живот го живее со вербални и интелектуални вежби: тој се дави во морето на зборови без крај, тој настојува да го врати минатото или да ја вообличи иднината, а тоа што "сега" го прави за него е само досада од која треба да се спаси.
Гешталт терапијата нуди хуманистички пристап, убедување дека човекот може да живее потполно, побогато, позадоволно и да верува во себе си.
Гешталт терапијата нуди психичко растење и развиваање, ширење и откривање на себе си. Не учи како повторно да чувствуваме, да се смееме, плачеме, или бидеме бесни. Не учи како да откриеме што е за нас добро а што лошо, што ни е потрено а што не. Не учи како повторно да сакаме, се радуваме и го живееме животот во потполност, да работиме, да бидеме силни и полни со енергија.
За сето ова ни е потребен психолошки простор кој требаа да го осознаеме и откриеме и да биде НАШ и во НАС.